Thursday, May 16, 2013

Праска - лекува и освежува

Праската (Prunus persica) е со потекло од Кина, а денес се одгледува во сите делови каде преовладува топлата клима. Во Европа е распространета во областите околу Медитеранот.

Во нашите краеви на пазарот праската може да се најде од почетокот на јуни па се до крајот на септември. Во некои краеви е позната по името Персиска слива. Постојат повеќе од 2,000 врсти на праски настанати со врстување, обично со тркалезен облик, обраснати со влакненца, со црвенкаста боја, но сите врсти содржат голема количина на вода (80-90%) и многу корисни супстанци, па од таму се и нискокалорични. Една од познатите сорти на праската е нектаринот.

Лековити состојки

Плодот на праската содржи доста вода и малку калории, така што е погоден како диуретик и за чистење на организмот, но содржи и корисни состојки: бета-каротин, белковини, растителни масти, ратителни влакна, растителни масти, растителни хормони, биотин, витамин А, витамин Б, витамин Ц, витамин Е, железо, етерични масла, калиум, калциум, магнезиум, минерални соли, натриум, органски киселини, селен, скроб, сумпур, фосфор, јаглени хидрати, целулоза, шеќер.
Праската како храна

Во исхраната се користи свежиот плод на праските, а не семката. Во исхраната многу се корисни сокот или компотот од праски. Во продажба, можат да се најдат сок од праска или комбинација со друго овошје. Најздрав е сокот без конзерванси и без додаток на шеќер.

Џемот, мармаладот или слаткото од праски се одлични, бидејќи можат да се користат во секој дел од годината.

Сушените праски се исто така извор на корисни состојки, а можат да се користат во текот на целата година, а не само во текот на летото. Корисно е да се користи и чај од праски (од листовите и цветот) како диуретик.

Лековити својства

Праската доста поволно делува на организмот кај следниве здрвствени проблеми: акни, анемија, астма, болести на забите и усната шуплина, болести на срцето и крвните садови, бронхитис, кожни мозолчиња, дебелина, губење на помнењето, депресија, екцем, импотенција, мачнина и повраќање, некои врсти на рак (превенција и лечење), неплодност, нервоза, пад на имунитетот, појава на брчките на кожата, настинкаи грип, проблеми со бубрезите, мочниот меур и мочните канали, проблеми со зглобовите и 'рбетот, проблеми со очите и видот, проблеми со цревата и органите за варење, проблеми со крвниот притисок, проблеми со метеболизмот, проблеми со желудникот, проблеми со отекувања по телото, проблеми со штитната жлезда, проблеми со изгореници од сонце, против стареење, разни инфекции, ревматски заболувања, синузитис, скорбут, стрес, набивање и истегнување на коските на телото, воспаленија и осип на кожата, херпес и хроничен замор, целулит

Праската и чајот од праски може да се користи како диуретик, антиоксиданс и поволно делува против микробите.

Праската ги чисти крвните садови од масните наслаги. Дијабетичарите и особите се склони на алергии, треба да се консултираат со лекар, пред да се искористат праските во исхраната.

Праските им се препорачува на децата, бидејќи го подобруваат растот и развојот на коските.

Свежата праска може да се користи како облога кај изгорениците или кај луѓето со проблеми на кожата (и лицето). Исто така, праската се користи во козметиката за подобрување на квалитетот на кожата.

Заклучок

Праската е корисно овошје како природен лек за превенција и лечење на многу болести, па ја препорачуваме во исхраната, посебно во летните месеци. Во текот на летото, при големи жештини, после обилното потење, праската ги надохнадува изгубените течности, витамини и минерали.

No comments:

Post a Comment